„Ако си работел на нива никогаш нема да кажеш дека тренингот бил напорен, ако си кревал свињи, нема да се жалиш од теретана“

by bojan
2 минути читање
Баскирото

Капитенот на Лече, Федерико Баскирото на потешкиот начин стигна до Серија А, па дефанзивецот направи споредба на животот кои го имаат обичните луѓе и елитните спортисти.

Федерико Баскирото до пред две години играше во ниските лиги во Италиај, а сега е капитен на Лече и е еден од омилените ликови на „Стадио Виа дел Маре“,.

Тоа што на потешкиот начин стигнал до Серија А, дефанзивецот го гледа како предност во однос на другите фудбалери.

„Мислам дека ова ми е најсилната страна. 97-98% од луѓето се откажуваат на првата пречка, јас сум во останатите 2%. Пристигнав во Серија А на 26 години, но успеав и покрај тоа што многумина не веруваа во мене“ – вели Федерико Баскирото.

„На 13 години бев одбиен од Киево, на 18 години ме избркаа од Кремонзе. Минав низ сито и решето, но секој неуспех го користев како мотив плус. Секогаш собирав сила и станував“.

На своето деби во Серија А, (Лече против Интер во 2022) тој имаше задача да го чува Ромелу Лукаку.

„Бев возбуден, конечно дојде мојот момент. Бев радосен како дете во забавен парк, не ме интересираше кој стои пред мене. Сакав само одмазда за се она низ што поминав за да стигнам до овој момент“.

Додека играл во пониските лиги, Федерико Баскирото морал и да работи за да има пари за живот.

„Ако сте работеле на нива, никогаш нема да кажете дека тренингот бил тежок, ако сте кревале свињи, нема да се жалите од теретана“.

„Кога ќе го видите вашиот татко колку бил уморен кога се вратил дома по цел ден работа, разбирате дека во животот не цветаат само рози, па не можете да кукате дека тренингот бил напорен“.

„И ако некој најде инспирација во мојата приказна, можам само да бидам горд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани