177
Фудбалерите на Шкендија ќе одиграат двомеч против ФЦСБ во второто коло од квалификациите на Лигата на шампионите.
Уште во пресрет на првиот натпревар, УЕФА ја одржа ждрепката за понатамошната фаза, односно за третото претколо на елитното натпреварување. Шкендија беше сместена во втората група, па ги дозна потенцијалните ривали.
Доколку Шкендија направи изненадување и го исфрли романскиот гигант, во следната фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу Шелбурн од Ирска или Карабах од Азербејџан.
При елиминација од квалификациите за Лигата на шампионите, тетовчани ќе се префрлат во Лигата на Европа.