Џердан Шаќири во
изминатиот летен преоден рок потпиша за Ливерпул, а Швајцарецот со косовско
потекло ги налути Србите откако голот против таа селекција на Светското првенство во Русија го прослави
симболизирајќи двоглав орел.
Ждрепката за
групите од Лигата на шампионите посака Ливерпул и Црвена Звезда да се најдат во
конкуренцијата „Ц“ каде се уште и Наполи и ПСЖ, а сите се во исчекување на тоа
како на Маракана ќе биде пречекан Шаќири.
Директорот на
белградскиот клуб се сомнева дека Шаќири воопшто ќе дојде на тој меч, додава
дека доколку дојде, би бил помал и од афионово зрно, но посочи дека Црвена
Звезда како клуб има одговорност и обврска да направи тој да се почувствува
дека во Белград е дојден да игра фудбал.
„Мислам дека тој
ќе биде под неверојатен притисок бидејќи знае каде доаѓа. Знае тој самиот дека
Звезда е симбол на Србија, а ќе игра во арена каква што е Маракана. Не знам
дали воопшто ќе дојде тука, а доколку тојде, ќе биде помал и од афионово зрно,
се сомневам дека ќе дојде“ рече Звездан Терзиќ.
„Ние како
фудбалски клуб мораме подеднакво добро да го пречекаме секој ривал. Не треба да
се занимаваме со историја и минато Црвена звезда мора да направи се’ што може за Шаќири да почувствува дека
дошол да игра фудбал. Наша е одговорноста да го заштитиме во случај на
непосакувана ситуација. Да бидеме добри домаќини, тоа е нашата обврска“ додаде
тој.