Реал Мадрид ризикува да заврши втора сезона по ред без освоен трофеј, а тоа го вклучува алармот во клуб, од Шпанија стигнуваат најави за голем ремонт.
Реал Мадрид има речиси недостижна негатива во однос на Барселона во Ла Лига, а во четвртфиналето од Лигата на шампините го загуби првиот меч од Баерн Минхен со 1-2 и тоа на свој терен.
Флорентино Перез е свесен дека реални се шансите и оваа сезона Реал Мадрид да не освои ништо, па веќе ги крои плановите за наредната.
Во една таква ситуација, сигурно е дека Алваро Арбелоа нема да биде тренер, но ќе следуваат и доста промени во тимот.
Наводно, Перез сака нови играчи во сите линии од тимот. А најпосакувано засилување е Витиња за кого Реал Мадрид е подготвен да одвои голема сума на пари.
Се очекува да има повеќе заминувања од тимот, кралскиот клуб да добие нов изглед по теркот на претседателот на Реал Мадрид.