Барселона е во преговори за задржување на Маркус Рашфорд, но доколку не биде пронајден компромис, „каталонците“ ќе се насочат кон две евтини опции – Абде Езалзули од Бетис и Јан Вирхили од Мајорка.
Маркус Рашфорд минатото лето пристигна на позајмица во Барселона со опција во целост да биде купен за додатни 30 милиони евра.
Се говори дека „каталонците“ се задоволни од Англичанецот и сакаат да го задржат, но преговорите не се едноставни.
Па затоа Деко разгледува и план Б, а како што пишува Марка, раководството на Барса има две опции.
Станува збор за Абде Езалзули од Бетис, Барселона се уште поседува 20% од овој фудбалер, и Јан Вирхили од Мајорка, „каталонците“ се уште поседуваат 50% од неговата сопственост.
Доколку Барса мора да инвестира поголема сума на пари за ангажман на нов напаѓач, веројатно 30 милиони евра за откуоп на Маркус Рашфорд ќе им бидат многу, па Абде и Вирхили се поевтини опции.