„Ако продолжи вака, Нејмар ќе оди во пензија на 30 години, главниот проблем му е во главата“

by
2 минути читање

Нејмар во 2017 ја
напушти Барселона за да излезе од сенката на Лео Меси и направи трансфер во ПСЖ за
рекордни 222 милиони евра. Но преселбата во Париз не донесе напредок во
неговата кариера, па тој ова лето сака да се врати на Камп Ноу.

Ситуацијата на
напаѓачот ја прокоментира легендата на Бразил, Зе Роберто кој упати низа
критики.

„Нејмар ризикува
да го пропушти идеалниот момент кога треба да направи исчекор и да стане главен
играч, дефинитивно поседува талент за ова. Секако, повредите не му помогнаа, но
главниот проблем му е во главата, не е 100% фокусиран на фудбалот и во одреден
момент ќе престане да ужива во играњето фудбал“
– вели Зе Роберто.

„Вистина е дека
сака да се врати во Барселона, но не знам колку Барселона сака да го врати
назад“
.

Зе Роберто, кој
се прослави со настапите во Бундеслигата во дресот на Баер Леверкузен и Баерн
Минхен, играше фудбал и со 40 години.

Запрашан дали Нејмар може да ги следи неговите стапки, тој одговори: „Нема
шанси. Ако продолжи вака, ќе оди во пензија со 30 години. Мора да се промени од
корен, и пред се начинот на кој размислува“.

„Парите и
искушенијата се нормална работа во фудбалот, но доколку ги погледнете
Кристијано и Меси, тие живеат поинаку“.

Прочитајте и:

Нејмар со ултиматум за ПСЖ и закана за штрајк, одредил до кога треба да се финализира трансферот во Барса

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани