Брегалница денеска и официјално доби нов сопственик, клубот го презема поранешниот кошаркар на Турција, Мурат Шамил Шен. Еден од неговите први потези е интерен договор во клубот со кој ќе забрани обложување на сите членови.
Мурат Шамил Шен купи 52 проценти од акциите на Брегалница за 150.000 евра. Во првата година ќе вложи милион евра, но ќе наметне и строги правила во тимот.
Турчинот сака целосно да го искорени обложување од својот нов клуб, па ниту еден вработен во Брегалница од фудбалери до персоналот, нема да смее да се обложува.
„За жал обложувањето е длабоко навлезено во спортот, а ние сме строго против тоа. Направивме со помош на нашите правници еден договор кој сите кој што се поврзани со клубот ќе мора да го потпишат, вклучувајќи ме и мене. Сите ќе потпишат изјава со согласност дека нема да имаат никаква врска или контакт со обложувачки работи и ќе дадат гаранција со целиот свој имот, со се што поседуваат дека нема да имаат никаков контакт со такви активности. Спортот мора да е чист“, изјави Шен на денешната прес-конференција.