Ако не успее да го ангажира Мората, Милан има и план Б

by
1 минути читање

Милан ќе се засили со нов напаѓач, Карлос Бака ќе замине од клубот, а Лападула е само замена.

„Скај Спорт Италија“ пишува дека Милан веќе се договорил со Мората за пет годишен договор со плата од 8 милиони евра годишно

Но доколку Реал Мадрид не го продаде Мората на Милан тогаш „росоњерите“ ќе тргнат по Белоти од Торино.

Проблем е што откупната клаузула на Белоти е 100 милиони евра и Торино не планира да го продаде под таа цена.

Милан би понудил 70 милиони евра, плус додатни десет во бонуси, а би го вклучил и Лападула.

Клубот сепак се надева дека ќе успее да го ангажира Мората и нема воопшто да прави варијанти како да дојде до услугите на Белоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани