Винисиус Јуниор
се најавува како „новиот Нејмар“ и следниот фудбалски бисер на Бразил.
За неговите
услуги интерес пројавија голем број клубови од Европа, а подолго време се говореше дека
Барселона е на добар пат да го ангажира вундеркидот на Фламенго.
Но најпрестижниот
весник од Бразил, Глобоеспорте вели дека Реал Мадрид ја добил битката за
потписот на Винисиус Јуниор.
„Кралевите“ и
Фламенго си подале рака за трансфер вреден 45 милиони евра, понудата на Реал
Мадрид е 20 милиони евра повеќе од она што Барселона била спремна да плати.
Глобоеспорте
пренесува дека зделката ќе порасне до 61 милион евра доколку се земат и
провизите за агентите и другите бонуси што ќе ги добие играчот и оние околу
него.
Винисиус Јуниор
ќе добие плата од 8 милиони евра, а ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу на 1.
јули 2018, кога ќе има 18 години.
Весникот додава
дека Нејмар се обидувал да го убеди својот сонародник да му се придружи на Камп
Ноу но не успеал во намерата.