1,4K
Откако во јавноста се појави веста со најава за новиот договор на Кристијано Роналдо, сега од САД пристигнува информација и дека Лионел Меси може да стави потпис на нова соработка со МЛС лигата.
Аргентинецот наскоро би можел да ја продолжи соработката со Интер Мајами каде што пристигна во 2023 година и потпиша соработка до 2025 година.
Според последните најави клубот на Бекам со Меси сака да ја продолжи до 2026 година.
Засега не е познато дали Меси ќе игра со Аргентина на Мундијалот во 2026 година каде што „Гаучосите“ ќе ја бранат титулата.
Сепак, продолжување на соработката со неговиот клуб може да биде таква најава.