На средбата биле раководството на клубот, лично тој и неговиот агент Мино Рајола.
Според
информациите кои ги пласираат италијанските медиуми, се вели дека тимот од
Милано му понудил на младиот голман петгодишен договор со годишна плата од 5
милиони евра.
Се шпекулира дека
Рајола на преговорите побарал ни помалку ни повеќе туку 8 милиони евра годишна
плата за неговиот фудбалер.
Се поизвесно е
дека раководството на Милан нема да може да го прифати овој ултиматум од Рајола
и Донарума, кој доколку евентуално добие таков договор би станал најплатен во
Серија А, по аргентинското дуо во нападот на Јувентус, Игуаин и Дибала кои
заработуваат по седум ипол милиони евра годишно.
Познато е дека
Милан имаше намера во својот тим да го има најплатениот фудбалер во лигата, тоа
е шпанскиот напаѓач Алваро Мората кој наводно ја прифатил понудата на
калчолигашот која изнесува иста на барањето на Рајола и Донарума.
Доколку не дојде
до реализација на договор помеѓу обете страни, Милан би останал со празни раце
од причина што договорот на 18 годишниот голман истекува идното лето, со што
тимот од Милано наместо да добие богатство од евентуална негова продажба, би
останал без никакво обештетување.