Ако Македонија се пласира на ЕП може да игра и во страшно атрактивна група!

by
1 минути читање

Денеска во Букурешт беше извршена ждрепката за Европското првенство 2020. Македонија преку лигата Д од Лигата на нации може да се пласира на континенталното првенство.

Од селекцијата на Романија ќе зависи дали ќе играме во групата Ц каде што сме извлечени, или ќе се префрлиме во групата Ф која е најатрактивна.

Во групата Ц која ќе се игра во Амстердам и Букурешт се Украина, Холандија и Австрија.

Додека во групата Ф која е убедливо најсилна се селекциите на Германија, Франција и Португалија, натпреварите ќе се играат во Минхен и Будимпешта. 

Романија е во лигата А од Лигата на нации, тие во полуфиналето играат против Исланд, а во другата полуфинална двојка таму се Бугарија и Унгарија. Доколку Романците се пласираат на ЕП тие ќе мора да играат во група каде што домаќин е Букурешт, па затоа нашата селекција би се префрлила во групата Ф.

Но, македонската репрезентација најпрво треба да се фокусира на полуфиналето против Косово кое го играме на 26 март, и евентуалното финале кое е пет дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×