Ако Луис Енрике не потпише нов договор, Барселона има „пикирано“ тренер од Премиерлигата

by
1 минути читање

Барселона е заинтересирана менаџерот на Евертон, Роналд Куман кој би можел да се врати на Камп Ноу доколку Луис Енрике одбие да потпише нов договор.

Во декември Луис Енрике објаснуваше колку е тешко да се биде тренер на Барселона, како притисокот е огромен и тој не можеше да одговори дали ќе продолжи да го води тимот и следната сезона.

Неговиот актуелен договор завршува ова лето, а се уште не е постигната согласност со раководството за продолжување на соработката.

Информациите велат дека Барселона веќе ги разгледува можните наследници на Енрике и прва опција е Роналд Куман на кој одлично му оди со Евертон.

Евертон во моментов е непоразен на седум натпревари по ред и се наоѓа веднаш зад најдобрите шест екипи во Премиерлигата, со можност дури и да ги стигне ако ја продолжи одличната форма.

Роналд Куман беше фудбалер на Барселона од 1989 до 1995 година, а работеше и како помошник тренер од 1998 до 2000 година.

Холанѓанецот никогаш не ја криел желбата еден ден да се врати во Барселона и да биде тренер на тимот. 

Ваквите информации ги потврди и агентот на Ронал Де Бур откако беше запрашан дали неговиот клиент е можен наследник на Енрике. Агентот Гуидо Алберс изјави: „Мислам дека клубот има на ум други тренери, како што е Роналд Куман кој сега е во Евертон“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани