Иако имаше лоша сезона во Милан и може да биде задоволен со самото тоа што е на Светското првенство, Калиниќ одби да влезе во финишот од дуелот против Нигерија по што селекторот Далиќ го избрка од составот.
Случајот Калиниќ е главен во хрватската јавност, а посебно интересен беше коментарот на Јошко Јеличиќ кој за да се направи духовит играчот на Милан, Кутроне, го нарече Куртон.
„Далиќ апсолутно добри постапи, иако мислам дека беше и премногу попустлив. Калиниќ ја направи најголемата глупост во својата кариера. Во Милан цела сезона е резерва. Најчесто влегува во игра наместо играч кој има 20 години и кој се вика Куртон. Се извинувам, Кутроне“, изјави Јеличиќ во емисија на ХРТ2.
„Ако може да биде резерва на таков играч и мирно да ја поднесува одлуката на тренерот, тогаш може тоа да го прави и во репрезентацијата. Мислам дека со овој потег тој само дополнително ја засили репрезентацијата и дека таа ќе продолжи да игра со голема самодоверба“.