Ако го помине Малме, Вардар оди на Копенхаген

by
0 минути читање

Вардар е на добар пат да го помине Малме и да се пласира во второто квалификациско коло, а таму ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу словачкиот тим Жилина и Копенхаген од Данска.

ФК Копенхаген со 3-1 славеше против Жилина во првиот натпревар и тоа во Словачка, па најверојатно данскиот тим би бил противникот на Вардар.

Првиот натпревар Вардар ќе го одигра на гостински терен na 25/26 јули, реваншот би бил на 1/2 август веројатно повторно во Струмица бидејќи „Филип Втори“ арената се уште ќе биде затворена поради Суперкупот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани