Ако Гасперини замине, Аталанта веќе има решение за клупата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Џанпјеро Гасперини пред неколку денови даде интригантна изјава со која можеби и најави пензија.

Тренерот на Аталанта има 67 години, па нема да изненади ако реши да се пензионира. Според италијанските медиуми, ако тоа се случи челниците веќе имаат идеја за негов наследник.

Шанса одново да се докажува ќе добие искусниот Маурицио Сари кој во минатото ги водеше пред се Наполи и Јувентус. Сари има 66-години, а во Бергамо би добил неколку години да го води проектот и да се обиде да го одржи клубот барем на ова ниво.

Ако не успеат да го убедат Сари, во Аталанта размислуваат за Игор Тудор и Рафаеле Паладино како алтернативи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани