165
Денеска е последниот ден од преодниот рок, па остануваат уште само неколку часа за Един Џеко да си замине од Рома, но веројатно тоа нема да се случи.
Џеко и Фонсека ги нарушија односите. Од поразот против Лацио, босанскиот фудбалер нема играно во Серија А.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Џеко и Фонсека утре ќе седнат на маса и ќе се обидат да ги надминат недоразбирањата.
Тие веќе имале долг телефонски разговор, но нивниот однос се уште е ладен.