Ако Чаби Алонсо дојде во Реал, две ѕвезди ќе отпаднат – не се вклопуваат во неговата филозофија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Голема желба на Реал Мадрид е од следната сезона на клупата да го доведат младиот стратег Чаби Алонсо.

Шпанецот кој го одведе Баер Леверкузен до историски трофеј врши одлична работа во Германија, а со тоа го привлече вниманието на гигантите. „Кралевите“ будно го следат својот поранешен фудбалер и сакаат да го убедат да ја наследи клупата од Карло Анчелоти кој би можел да замине налето.

Наводно, Алонсо веќе бил контактиран од Реал Мадрид, а поставил и одредени барања. Тој сака контрола врз трансфер политиката и креирањето на тимот кој ќе го води.

Доколку Чаби Алонсо седне на клупата на Реал, две ѕвезди ќе отпаднат од комбинација. Станува збор за Орелиен Чуамени и Ферланд Менди, дуо кое не се вклопува во филозофијата на шпанскиот тренер, открија тамошните медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×