Ламин Јамал не само што блескаше на теренот во текот на сезоната, туку сега може да одигра и клучна улога зад сцената во доведувањето на едно од најзвучните засилувања за Барселона летово.
Според шпанските медиуми, каталонскиот гигант повторно ги активирал преговорите со Нико Вилијамс, и тоа на барање на Вилијамсл, додека Јамал веќе започнал „офанзива“ за да го убеди својот репрезентативен соиграч да се пресели на „Камп Ноу“.
Барселона и минатото лето покажа интерес за Вилијамс, но трансферот не се реализираше. Сега, со помош од Јамал целата работа би можел да биде и завршена.
Јамал, кој има одлична хемија со Вилијамс во шпанската репрезентација, веднаш по крајот на сезоната му ставил до знаење колку е посакуван во тимот на Ханси Флик.
Нема сомнеж дека Нико Вилијамс би бил значајно засилување за Барса, но останува да се види како се на крајот ќе биде звршено.