Алавес минатаат сезона приреди големо изненадување на Камп Ноу и славеше со 1-2, а популарните „Ел Глориосо“ и вчера беа на добар пат да приредат сензација.
Имаа водство се до 72. минута со погодокот на Гуидети, но Барса со головите на Суарез и Меси напраи пресврт. Но мечот не помина без контроверзии, поради една акција од финишот, гостите збеснаа и се фатија за глава откако судијата не покажа на белата точка за играње со рака на Умтити. Дефанзивецот на Барса немаше намера и беше прилично блиску до противнилчкиот играч, но јасно е дака со рака го блокираше ударот.
Ова сепак не беше единствениот спорен момент на средбата. Од повторените снимки се гледа дека и при голот на Луис Суарез, Жерард Пике ја закачи топката со рака, а слободниот удар од кој Лео Меси постигна погодок воопшто не требаше да биде досуден бидеjќи Пако Алкасер беше во офсајд.