Акција во три потега, Игуаин го замолкна Сан Паоло (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентинецот беше
под знак прашалник за дерби пресметката поради фрактура на раката, но Масимо
Алегри реши да ризикува и да го вметне Гонзало Игуаин во стартниот состав.

Напаѓачот возврати
со гол веќе во 13. минута, откако смирено го матираше Пепе Реина по една акција
во три потега.

Даглас Коста ја
изнесе топката од својата половина, го проигра Дибала кој пак му аситираше на
Игуаин, за популарниот „Пипита“ да го замолкне Сан Паоло.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани