Овој месец
револуционерниот предлог за проширување на Светското првенство доби зелено
светло па на мундијалот во 2026 ќе има 48 репрезентации сместени во 16 групи по
три тима.
Но ваквиот формат
носи одредени проблеми, односно калкулантска игра, многу нерешени средби и простор
двете репрезентации да го наместат исходот на последниот натпревар и заедно да
продолжат во следната фаза на сметка на третата репрезентација.
Па луѓето во ФИФА
работат на идеи како да го спречат ова, а во разговор со Спорт Билд, Марко ван
Бастен открива еден револуционерен предлог.
Целта е на
средбите да има победник, па доколку натпреварот заврши нерешено, да се
изведуваат пенали.
Но класичните
пенали иако се прилично возбудливи за фудбалските фанови, не ги задоволуваат
вкусовите на луѓето во ФИФА, па тие предлагаат акции еден на еден и слично
решение како што се применуваше во САД во 70тите и 80тите години во НАСЛ.
Топката ќе биде
поставена на 25 метри, играчот ќе има 8 секунди да постигне гол а голманот не смее
да го напушти шеснаесетникот.
Секој тим ќе има
пет обиди.