Мануел Аканџи вели дека желбата да игра во Лигата на шампиони бил еден од пресудните фактори да го одбере Интер пред Милан, но имало и други причини.
Во последниот ден од летниот преоден рок, Мануел Аканџи се пресели во Интер на позајмица од Манчестер Сити со опција за перманентен трансфер.
Само неколку дена претходно, Милан имаше обид да го ангажира дефанзивецот, но тој одби преселба на Сан Сиро.
„Не им беше лесно на моите агенти, но јас имав јасен план. Сакав да продолжам да играм на највисоко ниво во Европа и со Интер ќе го имам тоа“ – вели репрезентативецот на Швајцарија.
„Покрај тоа, првиот дрес кој го поседуваш беше од Кристијан Виери, кога тој беше дел од Интер“.
„Исто така Интер се обиде да ме ангажира пред три години… и за крај, партнерот на мојата девојка е огромен навивач на Интер“.