Академија Пандев со пресврт ја победи Ренова и се качи на првото место!

by
0 минути читање

Трета победа на Академија Пандев со која го зазема првото место на табелата. По победите над Работнички и Тиквеш, денеска славеа над Ренова.

„Гипсарите“ добро почнаа, поведоа со гол на Фатјон Јусуфу во 24. минута. Но Александар Стојчевски во 49. минута израмни на 1-1, а седум минути подоцна Кристијан Велиновски постигна погодок за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Академија Пандев е лидер со десет бодови, Струга има осум, по седум имаат Ренова, Шкупи и Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×