Академија Пандев отвара фудбалски школи и во другите градови во Македонија

by
1 минути читање

Академија Пандев ја има една од најквалитетните школи за млади фудбалери во Македонија, а наскоро планира отварање на свои филијали и надвор од Струмица.

„Идејата е во блиска иднина школата да се рашири и во други фудбалски центри низ Македонија по примерот на големите европски клубови. Сите би биле под унифицирана програма, исти услови и со исти права и обврски. Во делот на менаџерскиот кадар се ангажираат Влатко Неделковски и Дарко Костовски кои се технички директори одговорни за организација. Во подготовка се многу нови работи кои ќе бидат објавени кон крајот на мај или почетокот на јуни. Накратко, за Академија Пандев следува мошне интересен период исполнет со активности на секаков план” – изјави спортскиот директор на Академија Пандев, Југослав Тренчевски.

За сериозноста на проектот на Академија Пандев најдобро зборуваат успесите на младинската школа, како оваа сезона, така и претходните. Само како пример, оваа натпреварувачка сезона, три младински екипи обезбедија пласман во финалните натпревари од Купот на Македонија, а и во периодот што претстои акцентот ќе остане врз создавањето млади фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×