332
Академија Пандев и Ренова денеска го отворија петтото коло во Првата македонска фудбалска лига. Пандевци ја продолжија добрата форма, го добија мечот со 2-0 и ќе ја задржат лидерската позиција.
Натпреварот го отвори Марко Рајковиќ кој погоди во 32. минута од мечот, Крстовски на три минути до крајот го постави конечниот резултат.
По пет одиграни кола Академија Пандев е лидер со 13 бода, пет повеќе од Македонија Ѓорче Петров која има и меч помалку.
Утре се играат останатите натпревари од колото: Шкендија – Работнички, Вардар – Струга ТЛ, Шкупи – Силекс и Македонија ЃП – Борец.