Новите прволигаши, Македонија Ѓорче Петров и Беласица со порази ја почнаа сезоната во Првата македонска лига.
Академија Пандев поведе пред крајот на првото полувреме преку Стоилов, по само четири минути игра во вториот дел Тантуровски изедначи на 1-1. Кога се чинеше дека овој меч ќе заврши без победник, Дориев во судиското продолжение реализираше за 2-1 и старт со три бода за Пандевци.
Победа со гол на Набуезе Чиназорм во второто полувреме ја победи Беласица со минимални 1-0.
Силекс со гол на Луис Парфаит од пенал во 34. минута поведе против Шкупи со 1-0, но гостите со гол на Баже Илијоски исто така од пенал изедначија на 1-1.
Вчера во дербито Шкендија и Вардар одиграа 2-2, а Работнички со 3-4 беше поразен од Ренова.
Фото: ФК Шкупи