Репризни изданија
во денешните реванш пресметки во полуфиналето од националниот куп, откако
Македонија Ѓорче Петров на домашен терен славеше минимално со 1-0 над Беласица,
а Академија Пандев славеше со 1-3 на гостувањето кај Победа.
Џонов со автогол
во 54. минута го потврди пласманот на Македонија Ѓорче Петров во финалето, а мала
дилема за патникот во финалната битка за куп-титулата имаше само до крајот на
првите 45 минути игра.
Калановски уште
по само три минути игра донесе почетна предност за Победа, но, Академија Пандев
постигна три погодоци во второто полувреме преку Дориев, Велинов и Стојковски,
за пресврт и потврда на пласманот во финалето.
Фото-вест: ФК Академија Пандев (Facebook)