Ајнтрахт Франкфурт ја прифати понудата на Ливерпул и прави уште една страшна продажба

by bojan
1 минути читање
Екитике пред неколку дена се поврзуваше со Њукасл, но денеска си подаде рака за трансфер во Ливерпул

Ајнтрахт Франкфурт и Ливерпул начелно постигнале договор за трансфер на Уго Екитике во зделка вредна околу 90 милиони евра, двата клуба сега ги пеглаат последните детали.

„Црвените“ се на добар пат да го ангажираат Уго Екитике, неколку извори пренесуваат дека Ајнтрахт Франкфурт прифатил понуда вредна 80 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Двата клуба сега ги пеглаат деталите и се очекува во скоро време да се реализира трансферот.

Со оваа зделка, Анјнтрахт Франкфурт прави уште една страшна продажба и убаво ќе ја наполни клупската каса.

Летото во 2023 година го продаде Рандал Коло Муани на ПСЖ за дури 95 милиони евра, а само 12 месеци претходно беспари го донесе напаѓачот.

Во јануари месец оваа година, го продаде Омар Мармуш на Манчестер Сити за 75 милиони евра, а го донесе Египјанецот беспари летото во 2023 година.

Уго Екитике пред 12 месеци во целост беше купен од ПСЖ за 16,5 милиони евра, а сега ќе биде продаден за 90 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×