Ајакс потврди дека Де Лихт е пред трансфер, истовремено подготвува и понуда за фудбалер на Јуве

by
1 минути читање

Ајакс потврди
дека Матијс Де Лихт не отпатувал со екипата на претсезонските подготовки на
клубот, а причините за тоа како што велат од холандскиот клуб се поради фактот
што младиот фудбалер е пред трансфер.

Јасно е дека
Јувентус е првиот избор на 19 годишниот дефанзивец, а се вели дека Јувентус
веќе имал финални обиди за да најде заеднички јазик во преговорите со Ајакс,
наводно истите се веќе успешни, а од пред извесен период Старата Дама ги има
договорено личните услови на фудбалерот.

Ајакс ги започна
подготовките со 28 фудбалери во Брамберг, Австрија, Де Лихт не патуваше со
тимот бидејќи е во исчекување на можен трансфер
“ напишаа од Ајакс во
соопштението кое го објавија.

Од друга страна
пак, „Калчомеркато“ известува дека Моисе Кин е пред заминување од Јувентус, има
голем интерес за 19 годишниот напаѓач и тоа најголемиот доаѓа токму од Ајакс.

Кин беше мошне
важен фудбалер во составот на Алегри за претходната сезона, посебно во опциите
за ротација на бившиот тренер на Старата дама, за него интерес има и од
Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, како и Евертон и Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани