Утре почнуваат четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, Ајакс во среда го пречекува Јувентус кој е фаворит во оваа пресметка особено што во составот го има Кристијано Роналдо.
Но, Ајакс го исфрли Реал Мадрид од Лигата на шампионите кој три пати по ред го освојуваше натпреварувањето.
„Ќе ја имаме истата посветеност како и против Реал Мадрид. Знаеме дека ќе биде многу тешко, тие се одличен тим и имаат фантастични играчи како Кристијано Роналдо“, вели левиот бек на Ајакс, Николас Таљифико.
„Сега сите знаат дека ние можеме да играме без страв и да дојдеме до голем резултат против Јувентус. Ние сме бестрашни. Отидовме во Мадрид да уживаме во играта. Тоа беше наш најдобар натпревар оваа година. Беше перфектно. Првиот натпревар беше речиси перфектен иако резултатот не беше добар, но вториот беше неверојатен. Едноставно неверојатен“.
„Сега против Јувентус потребен ни е нов перфектен натпревар, но зошто да не? Мислам дека ова еден од најдобрите моменти во последната декада за Ајакс“.
BetAdria.com: Ајакс – Јувентус 3,46 3,37 2,21
„Треба да уживаме и да веруваме деа можеме да продолжиме и да креираме историја“.
„Треба да сонувате. Ние сме во четвртфиналето со причина. Јасно е дека ќе биде многу тешко. Но имаме шанса, можеби многу мала шанса, но треба да имате верба. Тоа го кажав и пред да одиме на Бернабеу и видете што се случи“.
„Ајакс изгради добар тим со оваа филозофија секој фудбалер може да дојде и да се приклучи, да има добар натпревар и да импресионира. Имаме добар тим“.
„Во Мадрид игравме како дома, на секој натпревар му пристапуваме идентично. Тоа најмногу ми се допаѓа. Против Реал игравме исто и во Амстердам и во Мадрид. Игравме со агресија, се обидувавме да имаме посед и да правиме притисок“.