Завршија квалификациите
за најелитното европско натпреварување. Реваншите кои се одиграа вечерва ги
дадоа последните тројца патници за групната фаза од Лигата на шампионите. Билетот
го чекираа Ајакс, Клуб Бриж и Славија Прага.
Најпријатното
изненадување од мината сезона, Ајакс пред своите фанови со 2-0 го совлада
АПОЕЛ. Домаќините поведоа пред крајот на првиот дел кога по еден прекин Алварез
скокна највиско и донесе 1-0. Дилемите беа
решени во 80. минута кога по една убава акција, Душан Тадиќ прецизно биеше за
2-0.
Славија Прага по
втор пат славеше против ЦФР Клуж со идентични 1-0. Борил овој пат беше творец
на победата.
Најмногу погодоци
имаше на мечот помеѓу Клуб Бриж и ЛАСК Линц, домаќините триумфираа со 2-1.
Ванаен го отвори резултатот во 70. минута, но гостите брзо се вратија во игра
преку голот од пенал на Клаус во 74. минута.
Сепак, ЛАСК Линц
потоа доби црвен картон а Денис во 89. минута само го потврди пласманот на Клуб
Бриж во групната фаза.