Ајакс го „растури“ Лион (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ајакс максимално ја искористи предноста на домашен терен и со три голови разлика го победи Лион, предност која е тешко достижна за францускиот тим.

Серијата погодоци беше отворена уште во 25. минута кога по едно нафрлување од слободен удар, Траоре погоди со глава за водство на Ајакс од 1-0.

Девет минути подоцна по една лошо исфрлена топка од гостинскиот голман, Долберг го зголемува водството на 2-0.

По четири минути игра во второто полувреме, Јонес не ја затресе мрежата на Лион, но топката ја мина гол линијата за убедлива предност на Ајакс од 3-0.

Во 66. минута Валбуена успеа да постигне гол за каква таква надеж на Лион намалувајќи на 3-1.

Конечните 4-1 ги постави Траоре во 71. минута со својот втор погодок на натпреварот.

Утре се игра второто полуфинале од Лига Европа, Манчестер јунајтед и гостува на Селта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани