Ајакс го „истрола“ Манчестер јунајтед на Твитер (ФОТО)

by
1 минути читање

Во среда во Стокхолм, Ајакс и Манчестер јунајтед ќе се борат за титулата од Лига Европа.

Манчестер јунајтед можеби е најтрофејниот клуб од Англија, но „Црвените ѓаволи“ не можат да се пофалат со триумф во најмасовното европско натпреварување и токму овој трофеј им недостасува.

Па Ајакс го истористи овој податок за уште денес да ја подгрее атмосферата и да го „истрола“ противникот на Твитер.

„Здраво Манчестер јунајтед, слушнавме дека ви недостасува нешто во ормарот со трофеи! И сакаме тоа да остане така!“ – гласеше пораката на клубот од Холандија.

„Црвените ѓаволи“ сепак не останаа покуси.

„Ајакс, нашиот ормар со трофеи е прилично полн, но не грижете се, секогаш можеме да направиме простор за повеќе“ – гласеше одговорот на клубот од Олд Трафорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани