191
Френк Лампард побара
од раководството на Челси да го донесе Мароканецот на Стемфорд Бриџ уште во
јануари, но Ајакс одби да се раздели со својата ѕвезда сред сезона. Сепак,
двата клуба ги продолжија преговорите и си подадоа рака за трансфер кој ќе се
реализира на 1. јули.
Ајакс ги откри и
деталите од зделката, Челси за Хаким Зијеш ќе плати 40 милиони евра, плус
додатни 4 милиони евра во бонус.
Клубот од Амстердам
исто така на социјалните мрежи испрати и порака до „сините“ со компилација од
најдобрите потези на офанзивецот и напиша: „Мора да верувате во неговата магија
и големи работи ќе се случат“.