Иако договорот
помеѓу Барселона и Ајакс околу Френки де Јонг се склучи уште во јануари, 22
годишниот фудбалер Френки де Јонг е само на чекор до комплетирање на трансферот
во тимот од „Камп Ноу“.
Денеска
фудбалерот од средниот ред успешно ги мина медицинските прегледи, за што
Каталонците и официјално потврдија, а од поодамна е познато дека сумата која
Барселона ја издвои за овој трансфер изнесува 75 милиони евра.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Ајакс на преубав
можен начин му посака среќа на својот довчерашен фудбалер, со тоа што
брендираше автобус во Барселона, а на истиот имаше испишано и порака.
„Барсa, уживај во иднината како што и ние тоа го
правиме“ пишуваше во пораката, а истата се најде и на во дел од насловните страни на
шпанските медиуми, за што исто е „виновен“ Ајакс.
class="twitter-tweet" data-lang="en">