Канцеларката
Ангела Меркел синоќа даде зелено светло за ре-старт на фудбалската сезона во
Германија, па ДФЛ и клубовите денеска седнаа на маса за да го одредат точниот
датум за продолжување.
Се говореше дека
сезоната ќе продолжи на 15. мај (петок), но на денешниот состанок сепак беше
решено сезоната да продолжи на 16. мај (сабота), со пет натпревари на
програмата од 15:30 часот, помеѓу кои и лутото локално дерби Дортмунд-Шалке.
Одлуката ја
потврди генералниот извршен директор на ДФЛ, Кристијан Шајферт кој образложи
дека сезоната не можела да почне ден порано бидејќи препораката на Ангела
Меркел била сезоната да продолжи во втората половина на мај.
„Строго се држиме
до препораките, втората поливина на месецот почнува на 16. мај“ – вели
Штајферт.
Во сабота во
15:30 силите ќе ги одмерат уште РБ Лајпциг-Фрајбург, Фортуна
Дизелдорф-Падерборн, Хофенхајм-Херта и Аугзбург-Волфзбург.
Ајнтрахт Франфурт
во сабота вечер ќе игра против Борусија Менхенгладбах, натпреварите Келн-Мајнц
и Унион Берлин-Берн Минхен се закажани за недела, а колото ќе заврши во
понеделник со пресметката помеѓу Вердер Бремен и Баер Леверкузен.