Шампионот на
Англија нема лесно да се предаде од битката со Ливерпул за титулата, по киксот
во минатото коло, избраницте на Пеп Гвардиола им се вратија на победите откако
го добија дербито со Арсенал на Етихад.
Резултатот беше
отворен уште во првата минута, Агуеро со глава го матираше Лено за 1-0. Но
гостите брзо се опоравија од раниот шок и изедначија преку Косјелни во 11.
минута по еден корнер.
Арсенал потоа
беше рамноправен противник, но пред финишот на првиот дел одбраната на гостите
капитулираше одново. Манчестер Сити одработи одлична акција а Кун Агуеро на
втората статива само пружи нога за 2-1.
Овој гол како да
го скрши духот на „топчиите“ кои во второто полувреме одиграа под очекувањата, па
Агуеро во 61. минута стигна до уникатен хет-трик откако со рака ја затресе
мрежата на Арсенал за 3-1.