Агуеро се предомисли, го продолжи договорот со Манчестер Сити

by
1 минути читање

Агуеро претходно изјави дека во 2020 година ќе го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот, ќе се врати во Аргентина и ќе ја заврши кариерата во неговиот поранешен клуб Индепендиенте.

Но, не му требаше многу за да се предомисли, денеска Аргентинецот стави потпис на нов договор со Манчестер Сити со кој ќе остане во Англија до 2021 година.

„Среќен сум што потпишав на уште една дополнителна година. Мојата идеја беше да бидам тука 10 години. Тука сум седум години, па ќе бидам 10 кога ќе ми заврши договорот. Тоа е главната причина поради која потпишав. Среќен сум бидејќи тука ме третираат многу добро уште од првиот ден кога дојдов. Среќен сум со се во клубот, соиграчите, стручниот штаб, персоналот и менаџментот. Имаме добар тим, треба да се фокусираме и можеме да дојдеме до големи трофеи“, изјави Агуеро.

Агуеро има постигнато 204 гола во 299 натпревари за Манчестер Сити, тој е најдобриот стрелец во историјата на овој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×