133
„Граѓаните“ се
извадија на гостувањето кај Борнмут со голот на Рахим Стерлинг во 97. минута.
Потоа настана мал
хаос на теренот откако напаѓачот реши да го прослави погодокот со фановите.
Редарите и
полицијата веднаш реагираа, а за овој потег, Рахим Стерлинг доби втор жолт
картон и исклучување.
Но тоа не е
единствениот проблем за Гвардиола и Сити, Дејли Мејл вели дека Кун Агуеро бил
пријавен во полиција. Еден од редарите се пожалил дека бил удрен од
Аргентинецот.
Од сликите се
гледа дека Кун Агуеро се расправаше со полицијата која приведе еден фан на
теренот, но останува да се види што ќе покаже деталната истрага.