166
Утринава аргинскиот напаѓач беше во центарот на вниманието по сообраќајната несреќа која му се случи во Холандија во која возејќи се со такси, возилото се заби во столб.
„Таксистот не ја виде кривината и излета. И кога излета го удри столбот. Скршив едно ребро, сега одмарам. Ме боли многу. Наскоро ќе излезам од болница“ – изјави Агуеро.
Изјава за инцидентот имаше и Пеп Гвардиола кој потврди дека тој ден му бил слободен на Агуеро.
„Тој имаше слободен ден. Добар е, тоа е најважно. Со сигурност можам да кажам само дека нема да игра против Челси во сабота“ – вели Гвардиола.