Агуеро изгуби 10.000 долари на Сити, но ќе остане без нешто многу важно ако е доследен на зборот

by bojan
1 минути читање

Кун Агуеро ептен ја промаши прогнозата на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, поранешниот напаѓач на „граѓаните“ изгуби 10.000 долари, а ако ако си го почитува дадениот збор, ќе остане и без мад*ња.

Во пресрет на натпреварот, Кун Агуеро на социјалните мрежи се пофали дека вложил 10.000 долари во обложувалница и типуваше дека ќе има два или повеќе погодоци во првото полувреме.

Аргентинецот не погоди, имаше само еден погодок во првото полувреме па ја изгуби вложенат асума.

Сепак, за поранешниот напаѓач на „граѓаните“ многу полош е прогнозата која ја даде како гостин во еден поткаст.

„Реал Мадрид не може да го победи Манчестер Сити, доколку го победат Сити, јас ќе си ги исечам мад*њата“ – порача Кун Агуеро.

Манчестер Сити синоќа два пати водеше против Реал Мадрид, на пет минути пред крајот им се смешкаше победа, но „кралевите“ со два гоал во финишот направија комплетен пресврт и забележаа победа од 2-3.

Па доколку Кун Агуеро сега остане доследен на својот збор…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×