Агонијата на Шпанецот продолжува: Казорла мора на деветта операција…

by
1 минути читање

32 годишниот Санти
Казорла ќе мора да оди на нова операција на Ахиловата тетива поради која не
игра од ланскиот октомври.

Нема крај за маките на
Шпанецот па тој иако најави дека се наоѓа во завршна фаза од рехабилитацијата,
овој пат го одложи враќањето на фудбалските терени поради тоа што му се
појавиле болки на оперираното место.

По консултацијата со
лекарските екипи донесена е одлука повторно да оди на операција, а оваа вест ја
потврди самиот тој објавувајќи на социјалните мрежи.

Ќе потсетиме дека
претходната операција се искомпликува, дојде до инфекција, дојде до гангрена,
па во еден момент дури и животот на Шпанецот беше загрозен, дури и постоеше
можност лекарите да му ја ампутираат ногата.

На Шпанецот актуелниот важечки
договор со Арсенал му истекува идното лето, а како што стојат работите тешко
дека ќе може да продолжи професионално да се бави со фудбалот, и покрај
неговата огромна желба да не запре со неговата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани