Агим Ибраими се поблиску до договор со Олимпија

by
1 минути читање

Некогашниот
најдобар македонски фудбалер, моментално член на казахстанска Астана, Агим
Ибраими е се поблиску до враќање во словенечкиот шампионат, и тоа во неговиот
поранешен клуб, Олимпија.

Тамошните медиуми
пренесуваат дека Ибраими присуствувал на трибините на вчерашниот меч од 33.
коло во Првата лига на Словенија, каде Олимпија на домашен терен со 3-1 беше
подобра од Домжале. Во таборот на гостинската екипа целиот натпревар го одигра
Зени Хусмани, поранешниот младински репрезентативец на Македонија.

Кариерата на
Ибраими не минува добро во Казахстан, па така 28-годишниот офанзивен крилен
фудбалер одигра само 11 натпревари во кои постигна само еден погодок досега.

Тетовчанецот и
натаму котира одлично на трансфер пазарот, неговата вредност според
„Трансфермаркет“ изнесува 1,3 милиони евра.

Договорот на Ибраими
и Астана истекува во 2018. година, и се поизвесно е дека ќе си замине од овој
клуб.

Ибраими во
Словенија настапуваше за Олимпија две сезони каде на 47 натпревари постигна 19
погодоци, беше дел и од Марибор со кого играше во Лигата на Шампионите, за кого
во 164 натпревари постигна 40 погодоци во пет сезони.

Олимпија не успеа
да ја одбрани титулата сезонава, па така новиот шампион во Словенија е Марибор,
додека пак, потенцијалниот старо-нов клуб на нашиот интернационалец се бори за
излез во Европа, шансите за тоа се во моментов отворени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани