Агентот на
Жоржињо, Жоао Сантош тврди дека фудбалерот од средниот ред на Челси има таква
вредност моментално на трансфер пазарот што едноставно Наполи не може да си ја
дозволи.
Бразилецот лани
за 57 милиони евра направи трансфер од Наполи во Челси по четири години минати
во редовите на италијанскиот прволигаш, за да му се приклучи на Маурицио Сари,
по одреден период критики кон неговата игра, Жоржињо сепак се адаптираше и во
моментов игра значајна улога во Челси под кормилото на Френк Лампард.
„Во овој момент
Жоржињо вреди 80 милиони евра, а Наполи не може да си дозволи да купи фудбалер
со таква вредност на трансфер пазарот. Не говорам од аспект дека Жоржињо не
сака да се врати во Наполи, меѓутоа, за самиот клуб е невозможно да потроши
толкав износ на средства“ изјави Сантош за „Радио Кис Кис“.
Наполи добиваше
критика поради стилот на игра кој го преферираше довчерашниот тренер на таа
екипа, Карло Анчелоти, меѓутоа, Сантош тврди дека Наполи, како и сите останати
екипи во „Серија А“ играат убав фудбал.
„Во фудбалот
секогаш постојат изненадувања, според мене, секоја екипа во „Серија А“ има убав
стил на игра, дури и последно пласираната екипа СПАЛ. Што се однесува пак до
Наполи, станува збор за екипа составена од добри и квалитетни фудбалери,
меѓутоа постои проблем по психолошко прашање во моментов“ подвлече Сантош
алудирајќи на последните случувања во Наполи.