Медиумите од Франција откриваат дека агентот Марк Меккеј наплатил убава провизија од 1,7 милиони евра за трансферот на трагично починатиот Емилијано Сала во Кардиф.
На почетокот од 2019 година, светот на фудбалот беше потресен од веста за исчезнувањето на авионот со кој Емилијано Сала патуваше од Франција во Англија за да го комплетира трансферот во Кардиф вреден околу 17 милиони евра.
По неколку дена потрага, авионот беше пронајден на дното во Ла Манш, Аргентинецот трагично го загуби својот живот.
Нант и Кардиф меѓусебно се обвинуваа кој е виновен за оваа трагедија, ФИФА пресче во полза на клубот од Франција и го принуди клубот од Велс да ја плати трансфер сумата од 17 милиони.
И додека двата клуба продолжуваат преку судски пат да се надмудруваат, Л’Екип пишува дека агентот Марк Меккеј си наплатил убава провизија.
Тој уште пред две години испратил фактура и си побарал 10% од зделката, Нант немал правна основа на која може да го одбие, па му исплатиле 1,7 милиони евра.
Марк Меккеј беше човекот кој го организираше летот од Нант до Кардиф, и човекот кој најми несоодветен авион за патување од ваков тип.