Медиумите од
Италија го поврзуваат Стефан Риствовски со враќање во Серија А, десниот бек е
на листата со желби на Џенова.
Во разговор со
Калчомеркато, агентот на Македонецот, Леонардо Корси вели дека не е изненаден
од ваквите стории, верува дека Стефан Ристовски одлично ќе се вклопи во тимот
на Јуриќ но додава дека во моментов нема конкретна понуда.
„Не сум добил
конкретен предлог, но интересот на Џенова не ме изненадува” – вели Корси.
„Стефан идеално
ќе се вклопи во тимот на Јуриќ”.
„Тој забележа
голем напредок во Хрватска, не знам дали го видовте голот против Шпанија”.
„Спринт од 50
метри, го претрча Серхио Рамос а потоа испрати торпедо под пречката, Де Геа
можеше само да гледа”.
„Она што го
направи Стефан беше импресивно”.
Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ се уште е под договор со Специја од каде игра како позајмен
во Ријека.
Новиот шампион на
Хрватска сака во целост да го откупи десниот бек, но еден ваков потег ќе го
направи комплицирано неговото евентуално враќање во Серија А.
„Под договор е со
Специја, има уште една година од договорот. Ријака сака до го откупи во целост
и да игра во квалификациите од Лигата на шампионите”.
„Но со ваков
развој на настаните, тој ќе го загуби статусот кој го има во Италија, и ќе
стане фудбалер надвор од ЕУ со што практично ќе биде невозможно да се направи
трансфер во Серија А”.