Агентот на Погба го „уништи“ Сколс: Некои луѓe зборуваат само поради страв да не бидат заборавени!

by
1 минути читање

Пол Сколс е еден од најголемите критичари на Пол Погба, и поранешниот играч на „Ѓаволите“ не се штедеше со нападите откако Манчестер јунајтед изминатиов викенд загуби на гостувањето кај Брајтон.

„Недостасуваат лидери во тимот. Мислевме дека Пол Погба би можел да биде идеален кандидат за нов лидер, но денеска го немаше никаде. Имаше навистина лош натпревар со многу падови во играта. Имаше многу погрешни додавања и загубени топки“ – истакна Пол Сколс по поразот на Манчестер јунајтед од 3-2.

Мино Рајола реши да застане во одбрана на својот клиент, одговори на последните критики и „распали“ по Пол Сколс на социјалните мрежи.

„Некои луѓе зборуваат само поради страв да не бидат заборавени. Пол Сколс нема да препознае лидер дури и да стои пред Винстон Черчил. Пол Сколс треба да стане спортски директор и да го советува Вудворд да го продаде Погба. Ќе има непреспиени ноќи да му се најде нов клуб на Погба“ – порача контроверзниот агент во два поста на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×