451
Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини веројатно ќе го напушти Олимпико уште во јануари, засега е непозната неговата нова дестинација.
Пелегрини го загуби местото во стартниот тим, веќе одамна игра под своето најдобро ниво, па нема да добие нов договор од Рома, а има желба да замине.
Тој се поврзуваше со Наполи и Фиорентина, но последните информации на „Кориере дело Спорт“ велат дека неговиот агент Давиде Липи работи на трансфер во Премиерлигата.
Засега не се споменува конкретен клуб од Англија каде би можел да се пресели Пелегрини.