Перспективниот Дани Олмо се најавува како ново засилување за Милан, Звонимир Бобан ги користи добрите односи со Динамо Загреб и гласините велат дека двата клуба си подале рака за трансфер вреден 25 милиони евра.
Но проблем направил агентот на Шпанецот, според пишувањата на Спортске Новости, тој побарал провизија од дури 7 милиони евра. Како ова да му е малку, па инсистирал и на процент од следната продажба. Динамо Загреб и Милан во моментов не сакаат да слушнат за исполнување на овие желби.
Вакви услови неодамна постави контроверзниот Мино Рајола за трансферот на Ерлинг Халанд, кој се пресели во Борусија Дортмунд од РБ Лајпциг за 20 милиони евра.
БетАдриа викенд типови: Челси победил на шест од последните седум меча против Њукасл